
13.09.2023 Скопје
Меѓународната организација за миграција (OIM) заклучи дека миграциската рута што ја минува границата меѓу САД и Мексико е најсмртоносната во светот за мигрантите и барателите на азил.
Новиот извештај на агенцијата на ОН документира 686 смртни случаи и исчезнувања на мигранти на границата меѓу двете земји минатата година, и тоа е нецелосна бројка, со оглед на отсуството на официјална статистика од државите, што сепак претставува речиси половина од 1.457 смртни случаи и исчезнувања на мигранти низ Америка, документирани од OIM во текот на 2022 година.
Регионалениот директор на IOM за Централна и Северна Америка и Карибите, Микеле Клајн Соломон, соопшти дека овие алармантни податоци претставуваат остар потсетник за потребата државите да преземат решителна акција.
Службеникот ја спомена и клучната важност од зајакнувањето на собирањето податоци, и на крајот, она што е највеќе потребно е земјите да дејствуваат според доказите за да обезбедат пристапност до безбедни и редовни миграциски рути.
Подготвено од М.Н.