14.09.2023 Скопје
Светската метеоролошка организација истакна дека употребата на напредни системи за предупредување би ги намалила бројот на жртви и обемот на материјална штета предизвикана од разорните поплави во Либија.
Петри Талас, генерален секретар на Светската метеоролошка организација, изјави дека доколку имаше напредно предупредување „ќе можевме да го избегнеме поголемиот дел човечки жртви во Либија“.
„Се разбира, не може целосно да ги избегнеме економските загуби, но можевме да ги минимизираме и тие загуби, имајќи соодветни служби“, додаде Талас.
Официјални претставници соопштија дека најмалку 6.000 луѓе загинаа, а илјадници се водат за исчезнати поради поплавите во Источна Либија викендов.
Подготвено од А.Ѓ.