kovachevski premier

25.09.2023 Скопје

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со министерот за економија, Крешник Бектеши и в.д. директорот на Државен пазарен инспекторат, Горан Трајковски денеска ја посетија компанијата Алма М. На средбата премиерот Ковачевски, министерот Бектеши и директорот на ДПИ Трајковски, со менаџментот на компанијата разговараа за новите владини одлуки за намалување на цените на над 50 производи.

„Со новата мерка на Владата, на над 50 производи во 24 категории од пекарската, млечната, месната индустрија, цената ја намаливме за 10 проценти во однос на цената која ја имале на 1 август. Со оваа одлука и мерка кај одредени категории и производи веќе има намалување на производите над 10%, а кај некои намалувањето е од 30% до 40%. Во маркетите веќе овие производи добија ознака „гарантирана цена“, со оваа мерка придонесуваме и покрај инфлациските притисоци, заеднички и солидарно даваме поддршка на нашите граѓани“, истакна Ковачевски.

Премиерот Ковачевски апелира да се почитува мерката и истакна дека до крајот на годината се стремат кон намалување на инфлацијата и таа да не биде повисока од 5%, во делот на основните производи кои граѓаните ги користат.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author