berlin germanija

07.09.2023 Скопје

Федералниот институт за истражување на населението објави дека пандемијата на Ковид-19 го скрати животниот век во Германија за повеќе од шест месеци, потенцирајќи дека минатата година беше трета година по ред во која Германците живееја во просек пократко од претходната година.

Податоците покажуваат дека минатата година, животниот век на мажите паднал од 78,7 на 78,1 година, а на жените од 83,5 на 82,8 години, но забележлива е регионалната разлика.

Во соопштението се наведува дека мажите во Сар и Саксонија-Анхалт умреле во просек повеќе од една година порано во 2022 година отколку во 2019 година.

Федералниот институт за истражување на населението го припишува пократкиот животен век на пандемијата на коронавирус, а се посочува дека придонела и епидемијата на грип на крајот на минатата година.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author