01.09.2023 Скопје
ЈСП Скопје соопшти дека од утре, втори септември, јавниот автобуски превоз ќе се одвива според зимскиот возен ред, односно ќе биде зголемен бројот на автобуските превозници.
Тоа значи зголемен број автобуси на ЈСП Скопје и на приватните превозници на градско-приградските линии, со почести пристигнувања на автобуси на постојките.
Подготвено од А.Ѓ.