21.09.2023 Скопје
Никој се нема пријавено на конкурсот за директор на УСКОК кој траеше до саботата.
Во моментов, на чело на УСКОК е Жељка Мостечак, како в.д. директор. Нејзиното назначување е само привремено, но се чини дека ќе биде тешко да се најде нејзиниот наследник.
Главната државна обвинителка Злата Хрвој Шипек на почетокот на месецов објави конкурс за функцијата шеф на УСКОК. На конкурсот можеа да се кандитираат кандидати кои ќе ги исполнуваа пропишаните услови и кои ќе ја поминеа безбедносната проверка.
Кој може да стане шеф на УСКОК?
Може да се пријават кандидати кои најмалку 15 години вршеле судски работи во правосудни органи или биле правници, нотари, универзитетски професори по правни науки со положен правосуден испит и најмалку 15 години работен стаж по положен правосуден испит.
Дополнително, би можеле да се пријават и еминентни правници со положен правосуден испит и најмалку 20 години работно искуство кои ја докажале својата стручност во одредена правна област, како и стручни и научни трудови.
Директорот го именува со мандат од четири години главниот државен обвинител по претходно мислење на министерот надлежен за судски работи и мислење од колегиумот на Државното правобранителство на Република Хрватска.
Конкурсот се одржа нешто помалку од пет месеци по назначувањето на Жељка Мостечак за вршител на должноста директор на УСКОК по разрешувањето на Вања Марушиќ.
Вториот мандат Марушиќ го доби во ноември минатата година, но во април годинава поднесе оставка по аферата со сообраќајната несреќа на нејзиниот возач.
Подготвено од А.Ѓ.