26.09.2023 Скопје
Јапонската компанија Nissan е позната по своите ЕВ возила, а сега најавија амбициозен план.
Во Европа, сите идни нови возила на Nissan ќе бидат 100% електрични, објави компанијата.
Додека многу земји дебатираат кога да се забрани продажбата на мотори со внатрешно согорување, Nissan продолжува со плановите да достигне 100% електрични возила во Европа до 2030 година, а сите нови модели на Стариот континент сега ќе бидат целосно електрични.
Со можноста за дизајнирање, инженерство и производство на возила во Велика Британија и со подобрување на клучните предности на Nissan како што е електрификацијата, тие планираат да направат уште еден чекор кон јаглеродната неутралност на овој начин.
„ЕВ возилата се ултимативното решение за мобилност. Повеќе од милион клиенти веќе се придружија на нашето патување и пробаа електрично возило на Nissan, а сега нема враќање назад“, рече Макото Учида, претседател и извршен директор на Nissan.
„Електричните возила напојувани од обновливи извори на енергија се клучни за постигнување на јаглеродна неутралност, што е клучно за нашата визија. Nissan ќе биде целосно електричен до 2030 година во Европа“, додаде Учида.
На глобално ниво, како дел од својот план „Nissan Ambition 2030“, компанијата воведува 27 електрифицирани возила, вклучително и 19 ЕВ, до 2030 година.
Подготвено од А.Ѓ.