el chapo 123

19.09.2023 Скопје

Три дена по неговата екстрадиција од Мексико, Овидио Гузман, еден од синовите на затворениот мексикански наркобос Хоакин „Ел Чапо“ Гузман, пред федералниот суд во Чикаго се изјасни за невин за трговија со фентанил, моќен синтетички наркотички аналгетик.

За време на краткото рочиште под строго обезбедување, Гузман, облечен во портокалов затворски костум со лисици на рацете и нозете, го слушал обвинението со обезбеден превод на шпански.

Гузман (33) е еден од четворицата синови на Ел Чапо, познат како „Лос Чапитос“, кој ја наследил деловната империја на неговиот татко, откако Ел Чапо беше прогласен за виновен во САД за убиство и трговија со дрога во 2019 година и осуден на доживотен затвор. Тој служи во максимално безбедносен објект во Колорадо.

Американските власти рекоа дека апсењето и екстрадицијата на Овидио Гузман претставува значајна победа за администрацијата на претседателот Џо Бајден во кампањата за запирање на трговијата и дистрибуцијата на смртоносниот фентанил преку јужната граница на САД.

Обрадор нареди негово ослободување откако стотици вооружени членови на картелот Синалоа ги зазедоа улиците на градот и ги опколија безбедносните сили на градот.

Тој беше повторно фатен во јануари по интензивна престрелка, а веќе во февруари САД побараа негова екстрадиција.

Две од шест точки од обвинението против Гузман помладиот носат задолжителна доживотна затворска казна.

Како дел од договорот за екстрадиција со мексиканските власти, САД се согласија да не ја извршуваат смртната казна.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author