05.09.2023 Скопје
Една од најчестите поплаки што родителите ја слушаат од своите деца е дека ги боли стомакот. Како што објави The Sun, болките во стомакот може да укажуваат на голем број различни болести, од кои повеќето не се причина за грижа.
Тие исто така можат да сигнализираат за други заболувања, како што се запек или дијареа, кои, иако никогаш не се забавни за децата или родителите, се сметаат за нормален дел од растењето.
Сепак, педијатриската сестра Софи Николсон предупреди на одредени моменти кога треба да побарате итна помош, објаснувајќи дека болките во стомакот понекогаш може да укажуваат на нешто посериозно.
Таа тврди дека доколку заедно со болките во стомакот се појават и следните симптоми кај детето, потребно е веднаш да се побара помош од лекар. Овие симптоми го вклучуваат следново: силна болка која не поминува дури и по лекови против болки, болка која често и редовно се враќа, температура повисока од 38 степени, зголемено потење, повраќање, крв во столицата, тешкотии при мокрење, болки во препоните, осип, неодамна доживеана повреда или траума.
Подготвено од А.Ѓ.