https://www.facebook.com/photo/?fbid=610453070547990&set=pb.100047499063575.-2207520000..

23.09.2023 Скопје

Унгарија е подготвена да ги брани своите интереси доколку Киев ја тужи Будимпешта поради одлуката да го забрани увозот на жито од Украина, изјави шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто.

Украина поднесе жалба до Светската трговска организација откако неколку земји во Источна Европа воведоа забрана за увоз на украински прехранбени производи.

„Фактите се на наша страна. Во првичниот договор (со Киев) не се споменуваше трансфер на украинското жито на пазарите во централна Европа, за да биде уништено“, рече Сијарто.

Тој додаде дека договорот е за обезбедување транзит, што го прави Унгарија.

„Ако Украина одлучи да не тужи, тогаш ние сме подготвени да застанеме во одбрана на нашите интереси и ќе влеземе во тој правен спор“, рече Сијарто на маргините на Генералното собрание на ОН.

На прашањето дали одмаздничката забрана на Украина за увоз од Унгарија ќе има влијание, Сијарто одговори потврдно и додаде дека владата ќе им помогне на домашните земјоделци да најдат други пазари.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author