04.09.2023 Скопје
Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека е „разочаран“ од веројатното отсуство на неговиот кинески колега, Си Џинпинг, на самитот на Г-20 закажан во Индија оваа недела.
„Разочаран сум, но ќе се сретнам со него (во друга прилика)“, истакна претседателот Бајден вчера за време на прес-конференцијата од Рехобот Бич, Делавер.
Белата куќа минатата недела потврди дека Бајден ќе присуствува на самитот закажан за 9-10 септември во Њу Делхи.
Американскиот претседател додаде дека „се надева“ на присуството на Си на самитот, бидејќи средбата може да биде можност за продолжување на дијалогот насочен кон намалување на стратешката тензија меѓу двете големи светски сили.
Подготвено од М.Н.