12.09.2023 Скопје
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека е потребно да се внимава на „таканаречените решенија“, за да се стави крај на војната што ја води Русија против Украина, бидејќи тие го имаат „зборот мир само во своето име“.
„Планот на украинскиот претседател Володимир Зеленски за прекин на непријателствата јасно ја изразува желбата на неговиот народ за мир и Германија целосно ја поддржува во тоа“, истакна Шолц за време на говорот што го одржа на состанокот „Драскоста на мирот“, организиран од Заедницата на Сант Егидио во Берлин.
За шефот на сојузната влада „мирот без слобода е угнетување“, а „без правда е диктат“.
Поради оваа причина, Германија дава целосна поддршка на украинските барања за праведен мир кој ги почитува принципите на Повелбата на Обединетите нации, принципите на територијален интегритет и независност.
Шолц истакна дека е убеден дека правдата мора да надвладее над насилството, а не обратно.
Подготвено од М.Н.