13.09.2023 Скопје
Германскиот канцелар Олаф Шолц ја отфрли можноста за брз прекин на огнот во Украина на штета на домаќините.
„Мораме да се чуваме од очигледни примирја кои носат мир само во име. Мирот без слобода значи потчинување, а мирот без правда го нарекувам диктат“, рече германскиот канцелар на конференцијата на католичката заедница Св. Егидио во Берлин.
Тој рече дека присилното примирје не треба да ја легитимира „грабежната кампања“.
„Едноставно тврдењето дека она што го презедов со насилство е мое засекогаш не може да биде основа на мирот“, рече Шолц.
Тој најави дека Германија ќе продолжи да ја поддржува Украина да се брани од „империјалните и историски заслепени фантазии за моќ на господарите на Кремљ“.
Шолц рече дека поддршката се состои од испраќање оружје и дека таа е „етички исправна“.
Во исто време, германскиот канцелар изрази загриженост за падот на поддршката за доаѓањето на бегалците во Германија.
„Хуманоста бара од нас да прифатиме жени и мажи кои бегаат од војна и политички прогон. Во исто време, мора да ја одржиме подготвеноста кај населението да ги прифати овие луѓе“, рече Шолц.
Тој рече дека општеството мора да се спротивстави на оние кои ги поедноставуваат работите или нудат црно-бели популистички решенија.
Шолц ги отфрли забелешките дека бегалците од Украина се третираат поинаку од бегалците од другите делови на светот.
Подготвено од А.Ѓ.