28.09.2023 Скопје
Северна Кореја одлучи да го протера американскиот војник Тревис Кинг, кој налета на земјата преку границата меѓу двете Кореи во јули.
Севернокорејските власти го завршија сослушувањето на Кинг и тој призна дека влегол нелегално во земјата бидејќи се чувствувал лошо поради „нечовечкото малтретирање и расната дискриминација“ во американската војска.
Кинг се упати кон север во јули додека ја обиколуваше границата на јужнокорејската страна.
Се уште нема информации кога властите планираат да ја спроведат одлуката за протерување.
Подготвено од А.Ѓ.