06.09.2023 Скопје
Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, изјави дека, Северна Кореја ќе „плати висока цената“ за секоја испорака на оружје за Русија за поддршка на војната во Украина.
Локалните медиуми во САД соопштија дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун планира да ја посети Русија во септември и да разговара со рускиот претседател за продажбата на оружје кое ќе послужи за војната во Украина.
Од Пјонгјанг, севернокорејскиот лидер најверојатно ќе отпатува со оклопен воз до Владивосток, на рускиот брег на Тихиот Океан, каде што ќе се сретне со претседателот на Русија, соопштија медиумите.
Подготвено од М.Н.