15.09.2023 Скопје
Ноќта понеделник кон вторник имало напад на автомобили паркирани пред застапништвото на Tesla во Франкфурт.
Во намерно предизвикан пожар „исчезнале“ вкупно 15 електрични возила на Tesla.
Интересно е што во првите извештаи на пожарникарите од Франкфурт било наведено дека изгореле само 10 тесла, но подоцна бројот се зголемил.
Полицискиот портпарол ја процени штетата на околу 500.000 евра.
Одговорноста за нападот ја презеде радикална левичарска група која во јавна објава на својата медиумска платформа ги објасни причините за вандалскиот чин: „Тесла е еден од нашите најистакнати непријатели. Компанијата ја претставува идеологијата на зелениот капитализам и тековното глобално и колонијално уништување. Електричните мотори постојано се претставуваат како чиста алтернатива, но ова е всушност целосна лага“.
Потоа додадоа: „Како и другите компании, Тесла ги експлоатира ресурсите ширум светот. Потребните суровини за батериите на електричните автомобили, како што се литиум и кобалт, се ископуваат под ужасни услови во Латинска Америка и Африка. Отпорот на угнетените заедници беше наш сигнал да дејствуваме, се разбира, за транспорт и производство, на Тесла и се потребни фосилни горива“.
Понатаму, тие се спротивставуваат на фантазиите на Илон Маск и тврдат дека сегашните напори за колонизација на Марс се за создавање „дестинација за одмор за супербогатите“, а не за создавање живот на повеќе планети.
Групата изјавила и дека „неопходно е да се нанесе штета на Тесла економски и политички и на овој начин може да се нагласи несогласувањето со зелените лаги“.
Подготвено од А.Ѓ.