Image by rawpixel.com on Freepik

20.09.2023 Скопје

Најновите истражувања покажуваат дека секој десетти човек во Јапонија има 80 години или повеќе.

Според државната статистика, 29,1 отсто од 125 милиони жители или речиси секој трет се постари од 65 години, што е рекорд за Јапонија.

Јапонија има една од најниските стапки на наталитет во светот и веќе некое време се обидува да се справи со стареењето на населението.

Обединетите нации објавија дека Јапонија има најстара популација во светот, односно најголем број луѓе на возраст од 65 и повеќе години, односно 34,8 отсто.

Во Италија тој процент е 24,5 отсто, а во Финска 23,6 отсто.

Во Јапонија, исто така, има голем процент на луѓе на возраст од 65 и повеќе години кои работат, односно тие сочинуваат околу 13 проценти од работната сила.

Јапонија одобри рекорден буџет за следната фискална година, делумно поради зголемените трошоци за социјално осигурување.

Исто така, напорите за зголемување на наталитетот не се покажаа успешни поради, меѓу другото, зголемените трошоци за живот и долгите работни часови.

Стапката на наталитет забавува во многу земји, но проблемот е особено акутен во Јапонија.

Минатата година во Јапонија се родени помалку од 800.000 бебиња, што е најмал број од 19 век.

Во текот на седумдесеттите години на минатиот век тој број изнесуваше повеќе од два милиони.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author