29.09.2023 Скопје
Апелацискиот суд во Њујорк одби да го одложи судењето на Доналд Трамп за граѓанска измама, закажано за 2 октомври, откако поранешниот американски претседател го обвини судијата дека направил грешка кога одбил да отфрли голем дел од случајот.
Одлуката за одбивање на барањето на Трамп ја донела петчлената комисија на Апелацискиот суд на Менхетен.
Комисијата ја донесе одлуката два дена откако судијата на државниот суд Артур Енгорон утврди дека Трамп и неговата семејна фирма упорно и измамнички ги преценувале средствата и нето вредноста на Трамп за да добијат подобри услови за заеми и осигурување.
Тужбата против Трамп беше поднесена во септември 2022 година од страна на државниот обвинител Летиша Џејмс, која го обвини него, неговите возрасни синови, Организацијата Трамп и други за „неверојатна измама“ во врска со проценките на имотот.
Џејмс бара казна од најмалку 250 милиони долари, забрана за Трамп и неговите синови Доналд Џуниор и Ерик да водат бизнис во Њујорк и петгодишна забрана за Трамп и Организацијата Трамп да се занимаваат со комерцијални недвижности.
Подготвено од А.Ѓ.