27.09.2023 Скопје
Европскиот одбор за млеко (ЕМБ) ги повикува носителите на одлуки во Европската унија да преземат антикризни мерки за да се спречи колапс на пазарот на млеко.
„Ние сме во средина на криза. Време е за акција!“, алармираше претседателот на ЕМБ и дански млекар Кјартан Поулсен. Тој наведува дека не може да прифати оти одлучувачите во ЕУ иако гледаат дека ситуацијата е нејасна, остануваат пасивни и ја препуштаат одговорноста на земјите-членки сами да одлучуваат. Тој смета дека е време Европската комисија да преземе одговорност на ниво на ЕУ и конечно да го растерети пазарот на млеко со иницирање доброволно намалување на производството.
Претставниците на оваа организација наведуваат дека земјоделството е столбот на руралните региони и без него овие области едноставно би пропаднале. Тие нагласуваат дека конечно мора да се постават основите за одржлив економски и социјален развој за да се зачува биолошката разновидност.
Тие повикуваат на креаторите на политиките да создадат рамки за подобра распределба на маржите во синџирот на снабдување. Реално, тоа би значело дека цените ќе ги покријат трошоците на производителите и во исто време ќе обезбедат тие да останат достапни за потрошувачите.
Подготвено од А.Ѓ.