05.09.2023 Скопје
Американските гласачи сметаат дека претседателот Џо Бајден е премногу стар за втор мандат и сметаат дека неговите перформанси се недоволни за економијата и другите клучни прашања на националната политика.
Според податоците од најновото истражување, само 39 отсто од испитаниците велат дека имаат позитивно мислење за сегашниот претседател на САД, 42 отсто ја одобруваат неговата работа, но 57 отсто имаат спротивно мислење.
Сепак, истражувањето пред се ја открива слабоста на кандидатурата на Бајден. 73 отсто од испитаниците сметаат дека претседателот е премногу стар за втор мандат, додека само 47 отсто го велат истото и за 77-годишниот Трамп.
Две третини од демократските гласачи исто така веруваат дека Бајден е премногу стар. Според 51 отсто, Трамп за време на неговиот мандат постигнал повеќе од сегашниот претседател, наспроти 40 отсто кои имаат спротивно мислење.
Уделот на гласачите кои веруваат дека републиканскиот лидер има „визија за иднината“ е за 8 отсто поголем од оние кои овој квалитет му го припишуваат на Бајден.
Пред се, економската ситуација тежи на проценката на работата на Бајден. Педесет и осум отсто од испитаниците веруваат дека економијата на САД се влошила во последните две години, додека само 28 отсто веруваат дека ситуацијата е подобрена.
Анкетата беше спроведена по четвртото обвинение за поранешниот претседател Трамп, она што го формулираше обвинителот од Џорџија за наводниот обид да се поништи исходот од претседателските избори во 2020 година во таа држава.
Меѓу регистрираните гласачи, 37 отсто велат дека судските проблеми на Трамп може негативно да влијаат на нивната намера да гласаат за републиканскиот кандидат, додека 24 отсто велат дека имаат уште поголем поттик да гласаат за поранешниот претседател.
За 35 проценти обвиненијата немаат ефект врз намерата да гласаат за Трамп.
Подготвено од М.Н.