kamalla sad rusija severna koreja

08.09.2023 Скопје

Одлуката на Русија да купи оружје и муниција од Северна Кореја е „огромна грешка“ која дополнително ќе ги изолира двете земји и ќе испрати „сигнал на очај“ од Русија, по само една година по почетокот на конфликтот во Украина, изјави потпретседателката на Соединетите Американски Држави, Камала Харис, по нејзиното враќање од самитот на земјите од АСЕАН во Индонезија.

Камала Харис го повтори предупредувањето упатено до двете земји од американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан.

Испораката на оружје на Русија, во контекст на конфликтот во Украина, нема да има позитивно влијание врз имиџот на Северна Кореја, која ќе ја плати цената во меѓународната заедница, изјави пред неколку дена американскиот советник за национална безбедност, Саливан.

САД веќе воведоа санкции за да ја спречат Русија да се сврти кон Северна Кореја за да купи оружје, истакна официјален претставник во поглед на можната средба меѓу лидерите на двете земји следната недела во Владивосток.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за време на прес-конференција истакна дека Русија ги цени односите со Северна Кореја и планира дополнително да ги развива, и додаде дека Русија нема да ги земе во предвид мислењата на другиле земји.

Подготвено од М.Н.

About Author