14.09.2023 Скопје
Соединетите Американски Држави одлучија да му доделат на Либан воена помош од 30 милиони долари, дел од сумата од речиси 85 милиони долари првично наменета за Египет.
Ова го изјави американски функционер, според кој одлуката произлегува од кршење на правото на слобода на политичко изразување во Египет.
Преостанатиот износ, приближно 55 милиони американски долари, треба да биде доделен на Тајван.
На 13 септември беше објавено дека САД имаат намера да ги пренасочат средствата првично наменети за Египет.
Во понеделник, 11 септември, генералот Ерик Курила, највисокиот американски воен офицер за Блискиот Исток, го посети Бејрут со цел да ја зајакне соработката во обуката и да одговори на регионалните закани, и одма по неговата посета е донесена одлука за преиначување на дел од средствата кои беа наменети за Египет.
Подготвено од М.Н.