sad japonija juzna koreja

14.09.2023 Скопје

Доколку претседателот на Руската Федерација, и лидерот на Северна Кореја, постигнат договор за оружје, ќе има големи последици, изјави координаторот за стратешки комуникации во Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби.

САД продолжува да ја повикува Северна Кореја да ги почитува своите меѓународни обврски и да не ја поддржува руската војна во Украина, истакна Кирби, додавајќи дека доколку двете земји потпишат договор за снабдување со вооружување ќе бидат превземени неопходни мерки и ќе има последици за Пјонгјанг.

Портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, наместо тоа, зазеде став во врска со барањето за импичмент на американскиот претседател Џо Бајден.

Републиканците во Конгресот „потрошија цела година“ истражувајќи го Бајден, но се уште немаат цврсти докази за поддршка на обвиненијата покренати против него.

Подготвено од М.Н.

About Author