12.09.2023 Скопје
Разузнавањето не може да биде појасно, Кина се подготвува за војна, особено против Соединетите Американски држави, изјави секретарот на американското воено воздухопловство Френк Кендал за време на конференцијата организирана во Вашингтон од Асоцијацијата на воздушни сили.
„Мораме да бидеме подготвени за еден вид војна за која немаме искуство во модерното време“, објасни офицерот, според кого одбранбената стратегија на САД мора радикално да се промени и да се прилагоди на конкуренцијата меѓу големите сили, која Кина ја прави повеќе од дваесет години.
„Заканата од напад од насилните екстремистички организации се уште постои“, додаде Кендал, потсетувајќи на нападите од 11 септември 2001 година.
Пекинг создаде две нови воени служби, вклучително и ракетни сили назначени специјално за напад на цели со висока вредност во Соединетите држави.
Секретарот апелираше до Конгресот да ги деблокира сите воени назначувања, да го одобри буџетот за одбрана и да избегне ќор-сокак што може да ги замрзне владините активности.
Подготвено од М.Н.