САД: ФЕДЕРАЛНИТЕ ВЛАСТИ ОДОБРУВААТ НОВИ ВАКЦИНИ ПРОТИВ КОВИД

12.09.2023 Скопје

Американската администрација за храна и лекови (ФДА) одобри ажурирани верзии на вакцините за Ковид-19 развиени од фармацевтските компании Pfizer и Moderna.

Според соопштенијата во медиумите, до крајот на оваа недела треба да започне дистрибуцијата на новите вакцини во САД.

Новите серуми се ажурирани за да се спротивстават на најновата варијанта, наречена Xbb.1.5, но според производителите тие треба да бидат ефективни и против други видови.

Одобрувањето на новите вакцини доаѓа во период на подготовка на САД, за зголемување на инфекциите поврзани со обичната сезона на грип.

Подготвено од М.Н.

About Author