29.09.2023 Скопје
Авиокомпанијата „Ryanair“ ќе откаже голем број летови во зимскиот ред на летање од Хрватска бидејќи авионите на Боинг не и биле доставени навреме на компанијата.
Откажувањето на летовите ќе започне на крајот на октомври, а од компанијата соопштија дека сите засегнати патници ќе бидат известени по електронска пошта во следните неколку дена. На сите патници кои ќе го пропуштат својот лет ќе им биде понудена нова резервација или ќе им биде вратено.
Од компанијата велат дека оваа есен очекуваат само 14 нови авиони, наместо очекуваните 27.
Поради оваа причина на некои аеродроми како Шарлот, Даблин, Порто, Келн и во некои италијански градови треба да бидат стационирани помалку авиони. Од „Ryanair“ велат дека немаат авиони за замена поради работи за одржување на флотата.
Ирската компанија не прецизираше колку летови ќе бидат откажани.
Подготвено од А.Ѓ.