07.09.2023 Скопје
Рускиот заменик министер за надворешни работи Александар Груско изјави дека Русија и Турција постигнаа договор за испорака на милион тони жито.
„Сите основни договори се постигнати“, рече Груско.
Според него, МНР очекува наскоро да започне со обработка на техничките аспекти на испораките.
Малку порано рускиот претседател изјави дека руската страна е блиску до завршување на преговорите со шест африкански земји за бесплатна испорака на жито.
Турција ќе работи на извозот на руско жито, но други детали не се објавени.
Подготвено од А.Ѓ.