04.09.2023 Скопје
Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу и предложил на Северна Кореја заедничка поморска вежба.
Инфирмацијата ја соопштија јужнокорејскате медиуми, според кои информацијата до Националното собрание во Сеул ја пренела Националната разузнавачка служба.
Предлогот наводно бил даден во јули, кога Шојгу ја посети Северна Кореја по повод 70-годишнината од крајот на Корејската војна и се сретна со лидерот Ким Џонг-ун.
Според јужнокорејското разузнавање, за време на средбата лице в лице Ким и Шојгу се договориле за проширување на воената соработка меѓу двете земји.
Северна Кореја негира дека потпишала договори за купување оружје од Русија, како што истакна портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби.
Сепак, САД веќе воведоа санкции против три субјекти обвинети дека се вклучени во договори за оружје меѓу Русија и Северна Кореја.
Подготвено од М.Н.