15.09.2023 Скопје
Откако беа пронајдени остатоци од воен дрон, Романија одлучи да ја прошири зоната на забранети летови долж границата со Украина.
На авионите и на беспилотните летала им е забрането да летаат на длабочина од 20 до 30 километри во романскиот воздушен простор или под 4.000 метри долж границата со Украина.
„Од среда, 14 септември, Министерството за транспорт и инфраструктура заедно со Министерството за национална одбрана воведоа дополнителни ограничувања на летовите во близина на украинската граница во регионот на Северна Добруџа“, соопшти Министерството за одбрана.
Воздушната тампон зона беше воспоставена во мај 2022 година и опфаќаше површина од осум километри во длабочина и надморска височина од 1.000 метри.
Одлуката е донесена еден ден откако остатоците од, како што се верува, воен дрон беа пронајдени во близина на границата со украинскиот пристанишен град Измаил на Дунав. Се сомнева дека минатата недела во областа се урнале уште два дрона.
Подготвено од А.Ѓ.