27.09.2023 Скопје
Во февруари, најнаселената земја во светот откри наоѓалиште на литиум во регионот Џаму и Кашмир, а тој литиум ќе го продава на аукција во следните неколку недели.
Некои странски компании веќе имаат покажано интерес за индиските резерви на литиум.
Износот на резервите се проценува на 5,9 милиони тони.
Индиската државна компанија „КАБИЛ“ (Khanij Bidesh India), задолжена за потрагата по минерали во странство, е во „завршна фаза“ од преговорите преку кои Њу Делхи треба да обезбеди неколку литиумски блокови од Аргентина.
Инаку, КАБИЛ преговара и со Владата на Чиле за набавка на литиумски блокови од таа земја, но разговорите се уште се на почеток.
Подготвено од А.Ѓ.