08.09.2023 Скопје
Републиканскиот претседател на Комисијата за надзор на Претставничкиот дом, Џејмс Комер, изјави дека е убеден дека републиканците имаат доволно гласови за да започнат постапка за импичмент на американскиот претседател Џо Бајден.
Според Комер, последните мејлови што Комисијата за надзор ги добила од Националниот архив би биле доволни за да се демонстрира директната вмешаност на претседателот во сомнителните работи на неговиот син, уште од времето во кое сегашниот шеф на Белата куќа служеше како потпретседател во администрацијата на Барак Обама.
Конгресменот, кој во последниве години ги надгледуваше парламентарните истраги за наводните активности на влијание на претседателот и неговиот син Хантер Бајден, како и за наводната политичка употреба на Федералното биро за истраги (ФБИ), е меѓу најцврстите поддржувачи на отповикување на претседателот, позиција која сепак, предизвикува сомнеж кај неколку републикански претставници, и на која лидерот на републиканското малцинство во Сенатот Мич Меконел е целосно против.
Подготвено од М.Н.