12.09.2023 Скопје
Локалните лозари го обоија во црвено малото португалско гратче Сао Лоренцо до Баиро, случајно, откако 2,2 милиони литри црвено вино се истуриле од две цистерни по стрмната улица.
Брзо протечена река се заврте низ улиците на едно гратче во близина на португалскиот брег, откако два резервоари во една винарија одеднаш попуштија. Истуреното вино може да наполни олимписки базен.
A definitely different type of flood
A river of red wine flows through São Lourenco do Bairro in Portugal when the local distillery’s 2.2 million liter tanks burst
Anadia Fire Department blocked the flood diverting it away from the river into a fieldpic.twitter.com/3AhIFt5rEH
— Massimo (@Rainmaker1973) September 11, 2023
Излевањето беше толку големо што локалните власти мораа да реагираат и да го пренасочат виното за да го спречат загадувањето на блиската река Серчима.
Пожарникарите ја пренасочиле поплавата од реката во ливада.
Подготвено од А.Ѓ.