kovid mers abu dabi

04.09.2023 Скопје

Институтот за јавно здравје на Црна Гора соопшти дека во земјата се регистрирани првите случаи на зараза со подсоеви на Омикрон на корона вирусот ЕГ. 5.1 (така наречен Ерис) и ФЛ1.5.1 (така наречен Форникс).

Во соопштението од Институтот, наведено е дека овие подсоеви имаат мутација во протеинот односно делот од вирусот што олеснува влез во клетката.

Според нив, тие супстанции можат потенцијално да го избегнат имунолошкиот одговор стекнат со претходна природна инфекција или вакцинација и да предизвикаат зголемена трансмисија, односно да доведат до зголемување на бројот на заразени пациенти во земјата.

Подготвено од М.Н.

About Author