15.09.2023 Скопје
Јужна Кореја со месеци ја следи испораката на железнички конвои со севернокорејско оружје за Русија, соопштија јужнокорејските медиуми, повикувајќи се на извори од Министерството за одбрана на Јужна Кореја.
Разузнавањето на Сеул ќе идентификуваше, преку сателити и шпиони на теренот, неколку товари ракети и артилериски гранати веќе испратени од Пјонгјанг до Москва.
Откритието доаѓа во исто време со официјалната посета на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун на Русија, која кулминираше со средбата на двајцата лидери во средата.
Во последниве недели, Обединетите нации, Соединетите Американски Држави и Јужна Кореја постојано ги предупредуваа Москва и Пјонгјанг да не се согласат да доставуваат оружје за конфликтот во Украина.
Според изворите на кои се повикуваат јужнокорејските медиуми, сепак, Северот веќе и доставил на Русија значително количество муниција, а посетата на Ким на Русија, наместо да преговара за договори, би послужила како демонстрација на благодарност.
Извор од Канцеларијата на јужнокорејското претседателство, ги потврди гласините, тврдејќи дека Сеул одамна потврдил дека видовите на оружје што ги испорачува Северна Кореја биле користени од Русија во Украина.
Подготвено од М.Н.