06.09.2023 Скопје
Во текот на вчерашниот ден, украинскиот претседател Володимир Зеленски издаде указ за разрешување на Павло Кириленко, гувернер на регионот Доњецк.
Кириленко ќе биде назначен за претседател на Антимонополскиот комитет.
Јарослав Железњак, пратеник од партијата Холос, исто така неодамна изјави дека Кириленко ќе го предводи антимонополскиот регулатор.
Кириленко беше гувернер на регионот Доњецк од 2019 година.
Подготвено од А.Ѓ.