13.09.2023 Скопје
Психијатрите наведуваат дека клаустрофобијата е вид на анксиозно растројство кое погодува милиони луѓе ширум светот, а она што ја карактеризира е интензивен страв од затворени простори или ситуации од кои е невозможно да се избега.
Иако знаците на ова нарушување варираат од личност до личност, експертите велат дека одредени рани симптоми се вообичаени за речиси сите кои страдаат од клаустрофобија.
Првите симптоми на клаустрофобија вклучуваат потење, забрзан пулс, отежнато дишење и чувство на необјаснива паника. Во некои случаи, луѓето со клаустрофобија, исто така, може да доживеат вртоглавица, гадење или тремор. Во некои случаи, постои и страв од губење контрола.
Експертите објаснуваат дека со текот на времето симптомите на клаустрофобија стануваат појасни и поинтензивни и може да доведат до целосно избегнување на одредени ситуации или места каде што лицето со клаустрофобија може да ги доживее.
Подготвено од А.Ѓ.