ekonomski forum

26.09.2023 Скопје

Албанското Министерство за финансии и економија денеска во Тирана е домаќин на Форум на министри за економија насловен „Заеднички регионален пазар – чекор кон единствениот ЕУ пазар“.

Овој Форум се одржува во рамките на Берлинскиот процес, кој ќе се одржи во Албанија на 16 октомври 2023 година.

Премиерот на Албанија, Еди Рама, отворајќи го овој министерски состанок го започна својот говор со интеграцијата на Западен Балкан во Европската Унија.

Рама истакна дека со интерес гледа дека во ЕУ има посилно убедување и „тие се поотворени за значењето што Западен Балкан го има за Европската Унија“.

„На ЕУ и треба Западен Балкан исто како што на Западен Балкан му треба ЕУ. Овде сме со истакнати министри и функционери од земјите од Западен Балкан и ЕУ за да разговараме за најсуштинските теми на овој процес кој вклучува зајакнување на нашите економии, вклучително и поврзаноста со сферата на економските активности на ЕУ. Ќе морам да разговарам за нешто сосема ново, што пред 5 години беше незамисливо. Идниот план на ЕУ да го поддржи Западен Балкан преку отворање на неколку начини што ќе нè доближи до ЕУ, додека за интегративниот процес секоја земја мора да си ја заврши домашната задача“, додаде албанскиот премиер Рама.

Според Рама, 6.000 комерцијални компании имаат корист од отстранувањето на бариерите меѓу земјите и ова е едно од важните достигнувања на Балканскиот процес. Воедно, оцени дека фазната интеграција на заедничкиот пазар ветува дека ќе даде непроценлив увид во економскиот раст на Западен Балкан во следните 10 години, додавајќи дека е време „заедно да продолжиме напред и да се погрижиме ветувачките зборови да доведат до ветувачки дела“.

На форумот со фокус на унапредување на заедничкиот регионален пазар, за поттикнување на економскиот раст во регионот и негово приближување до ЕУ учествуваат министрите за економија од Берлинскиот процес, претставници на Европската Унија и други партнери од Берлинскиот процес.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author