14.09.2023 Скопје
Податоците на Еуростат покажуваат дека земјите членки на Европската Унија минатата година имаат произведено приближно 14,7 милиони велосипеди.
Производството на велосипеди во земјите на ЕУ минатата година е зголемено за 10% во однос на претходната година и достигна 14,7 милиони велосипеди.
Производството на велосипеди е зголемено за 29% во периодот 2012-2022 година.
Португалија произведува најмногу велосипеди меѓу земјите членки на ЕУ.
Во оваа земја минатата година се произведени 2,7 милиони велосипеди. По Португалија следуваат Романија со 2,6 милиони, Италија со 2,5 милиони, Германија со 1,7 милиони и Полска со 1 милион произведени велосипеди.
Подготвено од А.Ѓ.