rak na debelo crevo

11.09.2023 Скопје

Псилиумот се снегулки добиени од семето на растението плантаго, т.е. во комбинација со вода, псилиумот помага при варењето бидејќи неговите својства овозможуваат вистинска детоксикација на цревата.

Начинот на живот кој првенствено се карактеризира со долги периоди на седење и брза храна која е сиромашна со влакна често предизвикува дигестивни проблеми, поради што сè поголем број луѓе имаат проблеми со запек.

Псилиумот содржи липиди, незаситени масни киселини, влакна и многу слуз, што создава ефект на „подмачкување“ на ѕидовите на цревата. Како и кај многу болести, помошта може да дојде од природата, а овој пат ви претставуваме одличен сојузник на цревата – лушпата од псилиум.

Делуваат како „метла во цревата“ бидејќи помагаат во процесот на детоксикација, односно во исфрлањето на штетните материи од дебелото црево. Полисахаридната слуз, која ја има во изобилство, ја врзува водата и има способност да го зголеми нејзиниот волумен до 15 пати.

Ова растение содржи липиди, незаситени масни киселини, влакна и многу слуз, поради што се создава ефект на подмачкување на цревните ѕидови. Диететските влакна во растението помагаат да се формира поголем волумен и се отпорни на ензими за варење, па релативно лесно поминуваат низ желудникот до дебелото црево. Таму ја задржуваат водата, отекуваат и ја поттикнуваат перисталтиката на цревата.

Кој е најдобриот начин да се користат лушпите од псилиум?

Растворете една лажичка псилиум снегулки во вода, јогурт или блендиран сок и веднаш конзумирајте затоа што брзо се претвора во желатинска маса. Се препорачува да пиете дополнителна чаша вода и да го зголемите внесот на течности во текот на денот.

Употребата на овој природен лек нема штетно влијание врз здравјето, не ја уништува микрофлората и не го нарушува варењето и работата на цревата. Исто така е многу ефикасен во олеснување на хемороидите и другите дигестивни проблеми.

Пред да користите псилиум на дневна основа, консултирајте се со лекар кој има познавања за вашата здравствена состојба.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author