kina venecuela si jimping maduro sredba

13.09.2023 Скопје

Кина ги гледа односите со Венецуела од долгорочна стратешка перспектива, и како и секогаш ќе го поддржи Каракас во заштитата на националниот суверенитет и спротивставувањето на надворешното мешање, изјави кинескиот претседател Си Џинпинг на крајот на средбата што се одржа денеска со неговиот венецуелски колега Николас Мадуро во Големата народна сала во Пекинг.

Кинескиот претседател истакна дека е подготвен да ја консолидира и продлабочи соработката на различни полиња со Венецуела, за доброто на нивните народи, глобалниот мир и развој.

Следната година двете земји ќе ја прослават педесетгодишнината од заедничките дипоматски односи.

Подготвено од М.Н.

About Author