https://www.facebook.com/photo.php?fbid=687994489346999&set=pb.100044093633425.-2207520000.&type=3

20.09.2023 Скопје

Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека успешно ја продолжува антитерористичката операција во Нагорно-Карабах, додека претседателот на земјата Илхам Алиев рече дека операцијата ќе биде прекината откако ерменските сили ќе го положат оружјето.

Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека се неутрализирани борбени позиции, воени возила, артилериски и противвоздушни ракетни системи, станици за електронско војување и други воени средства кои припаѓаат на формациите на вооружените сили на Ерменија.

Истовремено, воениот оддел ги демантираше информациите што се појавија на ерменските сметки на социјалните мрежи дека вооружените сили на Републиката користат ударни беспилотни летала за време на операцијата.

Во меѓувреме, во телефонски разговор со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, претседателот на државата Илхам Алиев изјави дека Баку ќе ја прекине операцијата доколку ерменските војници го положат оружјето.

Алиев посочи дека Азербејџан мора да иницира локални антитерористички мерки во регионот за да спречи нови провокации на Ерменија во Нагорно Карабах. Тој додаде дека воените цели се оневозможени за време на операцијата, а цел на гранатирање не е цивилното население, ниту инфраструктурните објекти.

Администрацијата на претседателот на Азербејџан соопшти дека Алиев има најавено дека антитерористичката операција ќе биде прекината доколку се положи оружјето и се разоружаат ерменските сили.

Блинкен изрази загриженост за ситуацијата, повика на прекин на огнот и нагласи дека САД го поддржуваат директниот дијалог меѓу Баку и претставниците на Ерменците кои живеат во регионот на Карабах.

Зборуваше и министерот за надворешни работи на Ерменија, Арарат Мирзојан, кој на средбата со актуелниот претседател на ОБСЕ, министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи, во Њујорк, повика на итно активирање на ОБСЕ механизмите за запирање на конфликтот во Нагорно-Карабах.

Министерството за одбрана на Азербејџан во текот на вчерашниот ден соопшти дека Баку започнал антитерористичка операција од локален карактер во Нагорно Карабах со цел да се воспостави уставен поредок.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author