11.09.2023 Скопје
Американскиот претседател Џо Бајден вчера пристигна во Виетнам во историска мисија, чија цел е зајакнување на регионалното влијание на Вашингтон со јасен акцент на стратешко задржување на Кина.
Со пристигнувањето во Ханој, Бајден се приклучи на долгата и непрекината листа на шефови на држави на САД кои од Бил Клинтон во 2000 година со посета му оддадоа почит на поранешниот непријател на САД во Југоисточна Азија.
Веќе со децении, односите меѓу Соединетите Америкнски Држави и Виетнам се засноваат на дијалог и соработка, и покрај поплаките што Вашингтон периодично ги упатува до азиската земја за ограничувањата на граѓанските права.
Сепак, посетата на Бајден отвори ново поглавје во билатералната соработка, издигнувајќи ја на ранг на „сеопфатно стратешко партнерство“, а со тоа ги стави САД на исто ниво како Кина и Русија меѓу главните партнери на Ханој.
Подготвено од М.Н.