16.09.2023 Скопје
Американскиот претседател Џо Бајден ќе го прими украинскиот претседател Володимир Зеленскаја во Белата куќа во четврток, 21 септември, соопшти американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан.
Тој рече дека САД очекуваат да објават дополнителна помош за Украина во одреден момент следната недела.
„Се очекува Зеленски да се сретне со конгресните лидери на двете политички партии за време на неговиот престој во Вашингтон“, рече Саливан.
Подготвено од А.Ѓ.