12.09.2023 Скопје
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп поднесе барање за изземање на окружната судијка Тања Чаткан од спроведување на судењето по едно од обвиненијата поврзани со претседателските избори во 2020 година.
Во текот на изминатиот месец, Трамп најави дека ќе бара изземање на Чатканова и ќе го промени местото на судењето.
Поранешниот американски претседател во поднесокот наведува дека сè укажува на тоа дека претходните изјави на Чаткан укажуваат на неговата улога во настаните од 6 јануари 2021 година, кога граѓаните упаднаа во американскиот Капитол, и затоа нејзината непристрасност е доведена во прашање.
Поднесокот упатува на коментарот што Чаткан го даде за време на изрекувањето на пресудата во 2022 година на маж обвинет за учество во немирите во Капитол, кога сугерираше дека бунтовникот бил мотивиран од „слепа лојалност кон едно лице, кое сè уште е на слобода“, откако некои од обвинетите рекоа тие веруваа дека го прават она што Трамп би го сакал.
Адвокатите на поранешниот американски претседател тврдат дека коментарот укажува на верувањето на судијата дека Трамп треба да биде кривично гонет и осуден на затвор.
Подготвено од А.Ѓ.