11.09.2023 Скопје
Германскиот автомобилски конгломерат Volkswagen денеска соопшти дека го намалува производството во неколку фабрики, вклучувајќи го и неговото седиште во Волфсбург, каде веќе некои смени се откажани.
Од одлуката се засегнати и погоните во Оснабрик и Емден.
Во фабриката Палмела во близина на Лисабон, монтажните операции беа целосно прекинати до два месеци.
Главната причина е недостигот на компоненти за моторите со согорување предизвикан од поплавите во Словенија.
Дождовите, всушност, ја погодија компанијата која го снабдува Volkswagen со оваа стока.
Во секој случај, намалувањето на смените во Волфсбург ќе биде „првично три недели“, но фабриката никогаш нема да биде целосно запрена, соопштија од раководството на компанијата.
Подготвено од М.Н.