polska granici

12.09.2023 Скопје

Заменик министерот за внатрешни работи на Полска, Мачеј Васик, изјави дека Полска распореди 10.000 војници на границата со Белорусија.

„Границата значително ја зајакнавме. Покрај изградената бариера, која е од големо значење и исклучително корисен периметарски систем, сега има 10.000 војници, од кои 6.000 се во кампот, а 4.000 директно на границата, има 5.000 граничари и речиси 1.000 полицајци“, изјави Васик.

Десетици илјади мигранти се собраа во средината на 2021 година на границата меѓу Белорусија и Полска, како и соседните Латвија и Литванија, во обид да влезат во ЕУ.

Полските власти ја зајакнаа граничната контрола, испратија војска и ја обвинија Белорусија за „организирање на мигрантската криза“. Минск ги отфрли обвинувањата и ја обвини Варшава за искористување на наративот за мигрантската криза за агресивно враќање на мигрантите на белоруска територија.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author