21.09.2023 Скопје
Премиерот Матеуш Моравјецки денеска изјави дека Полска повеќе не ја снабдува Украина со оружје, бидејќи активно се вооружува.
Порано, Полска беше меѓу трите најголеми снабдувачи со оружје на Киев, заедно со САД и Велика Британија.
„Ние повеќе не префрламе никакво оружје во Украина поради фактот што сега се вооружуваме со најмодерното оружје“, рече Моравјецки.
Подготвено од А.Ѓ.