20.09.2023 Скопје
Полскиот министер за европски прашања, Шимон Шинковски, изјави дека Варшава би можела да престане да го поддржува Киев доколку јавноста е против Киев поради тужбата на Украина во Светската трговска организација против неколку членки на ЕУ.
„Ние би сакале да ја поддржиме Украина, но за тоа да биде возможно, мора да ја имаме поддршката од граѓаните на Полска. Во овој поглед, нема поддршка од Полјаците за такви акции, ќе ни биде тешко да продолжиме да ја поддржуваме Украина како што правевме досега“, изјави Шинковски.
Украинското Министерство за економија во понеделникот на 18 септември соопшти дека поднело тужба во СТО против Полска, Унгарија и Словачка, поради забраната за увоз на украински житарки во тие земји.
Од Светската трговска организација изјавија дека Киев поднел барање со кое бара консултации во врска со забраната за увоз на украински житарки.
Подготвено од А.Ѓ.