04.09.2023 Скопје
Камион со над 80 илегални мигранти бил запрен од бугарската полиција во близина на Софија, соопштија бугарските медиуми.
Возилото било запрено на осум километри од автопатот Тракија, во правец на главниот град на Бугарија.
Сите мигранти во возилото биле без документи, а по нивно сослушување од страна на полицијата, наведено е дека доаѓаат од Авганистан.
Возачот на камионот е во бегство, а полицијата сеуште трага по него.
Подготвено од М.Н.