25.09.2023 Скопје
Косовската полиција во текот на вчерашниот ден соопшти дека во размената на оган загинале тројца напаѓачи, а еден е уапсен.
Дополнително, како што е наведено, уапсени се уште четворица осомничени во атарот на селото Рударе, каде што биле пронајдени средства за комуникација наводно поврзани со „криминални групи“.
Се додава дека е пронајдено поголемо количество оружје, муниција и разновидна опрема.
„Потврдено е убиството на уште двајца напаѓачи кои биле маскирани, униформирани и тешко вооружени, а потврдено е и апсењето на униформираниот и вооружениот напаѓач“, се вели во соопштението на полицијата во Приштина.
Се додава дека припадникот на косовската полиција добил претежно полесни повреди.
Во соопштението се наведува дека безбедносната состојба во атарот на селото Бањска се уште е тензична и дека „нападите со огнено оружје врз полициските единици продолжуваат со ист интензитет“.
Потсетуваме, вчера рано утрина на влезот во селото Бањска кај Лепосавиќ се случи инцидент во кој загина еден припадник на косовската полиција, а друг беше ранет, а Приштина за ова го обвини официјален Белград, тврдејќи дека ги финансира и диригира нападите.
Канцеларијата за надворешни работи на ЕУ (ЕЕАС) соопшти дека „по кукавичките и грозоморните напади врз припадниците на косовската полиција“, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, разговарал со премиерот на Приштинските привремени институции, Албин Курти, и тој го повика српскиот претседател Александар Вучиќ.
Борел упати и сочувство до семејството, колегите и најблиските на полицаецот кој го загуби животот додека беше на должност, а на повредениот полицаец му посака брзо закрепнување.
Борел уште еднаш ги повика напаѓачите да се предадат и да ги пуштат верниците безбедно да го напуштат Бањскиот манастир, повикувајќи на воспоставување мир и стабилност.
Во соопштението се додава и дека ЕУЛЕКС, како уште еден безбедносен фактор, ја следи состојбата на терен и останува подготвен да ги поддржи привремените институции на Приштина во обезбедувањето стабилност и безбедност, согласно својот мандат и во тесна соработка со мисијата на НАТО КФОР.
Подготвено од А.Ѓ.